Најголемиот светски бренд за продажба на мебел и предмети за домаќинство Ikea е препознатлив по тоа што своите продавници ги сместува во перифериите на градовите.
Но, жителите на Хамбург први ја имаат привилегијата да шетаат низ центарот на градот и пеш да стигнат до продажниот салон на Ikea. Шведскиот трговски синџир првата “градска“ продавница ја отвора во квартот Алтона, најзападниот од седумте квартови во Хамбруг.
Отворањето на овој продажен простор Ikea ја чинеше околу 80 милиони евра. Ваквиот чекор претставува експеримент со цел да се увиди дали концептот на Ikea може да се претстави во градовите, а е дел од поширокиот тренд за враќање на големите трговски куќи во централните градски подрачја.