Ikea ќе отвори два продажни центри во Белград

21

ikea“Белград е регионален центар за Ikea во југоисточна Европа уште од крајот на 2007 година и тука промени нема. Нашата компанија не се откажала, ниту ги сменила плановите за српскиот пазар. И понатаму работиме на тоа да отвориме пет продажни центри во целата земја”, вели за Вечерње новости директорот за развој на Ikea за југоисточна Европа, Владислав Лалиќ.

На прашањето зошто толку се чека на влегувањето на шведскиот произведувач на мебел на српскиот пазар, Лалиќ вели дека никогаш не бил договорен точен датум за отворање на продажен центар. Порано или подоцна, Белград ќе добие два продажни центри на Ikea. За препреките во работата на овој пазар вели дека се комбинација на законско – административни предизници и очекува многу брзо да бидат решени.

Продажниот центар на Ikea во Загреб веќе се гради и треба да биде отворен на крајот на летото. Продажниот центар, на 38.000 метри квадратни ќе нуди преку 9.000 производи за уредување на домот, а во ресторанот со преку 600 места за седење ќе се нудат шведски и локални хрватски јадења.

Словенечки Финанце неодамна пишуваше дека Ikea е во преговори за купување на земјиште и во Љубљана. Ikea потврди дека планира да влезе и на словенечкиот пазар, но отворањето на продажен објект во оваа земја во моментов не е во фокусот на ширењето на работењето. Првата продавница би требало да биде отворена во сезоната 2016/2017 година.