IKEA ќе продава обновлива енергија

47

Најголемиот светски производител на мебел IKEA најавува дека во септември ќе започне со продажба на обновлива енергија на домаќинствата на домашниот, шведскиот пазар.

Ingka Group, сопственикот на повеќето продавници на IKEA низ целиот свет, рече дека домаќинствата ќе можат да купат прифатлива електрична енергија од соларните и ветерните фарми, а трошоците и потрошувачката ќе ги следат преку мобилна апликација.

Партнерот на Ingka, компанијата Svea Solar, којшто произведува соларни панели за IKEA, ќе ја купи енергијата од енергетската берза Nord Pool и ќе ја препродава без дополнителни трошоци. Домаќинствата ќе плаќаат фиксна месечна претплата плус променлива доплата.

IKEA, која продава соларни панели на 11 пазари, вели дека потрошувачите ќе можат да ја следат енергијата што ја произведуваат со апликација и евентуално да го продадат вишокот.

Јонас Карлехед, шеф за одржливост во IKEA Шведска, изјави дека се надева дека новата услуга, како и продажбата на соларни панели, ќе бидат достапни на сите пазари.

Сакаме да ја направиме електричната енергија од одржливи извори подостапна за сите. IKEA сака да го изгради најголемото движење за обновлива енергија заедно со своите вработени, потрошувачите и партнерите ширум светот за да помогнат заедно во справувањето со климатските промени, се вели во соопштението.

IKEA сака да биде климатски позитивна со намалување на емисиите на стакленички гасови  – од производство на суровини до третман на отфрлен мебел до 2030 година

Според Карлехед, снабдувањето со обновлива енергија ќе придонесе за оваа цел и исто така е потенцијален нов извор на приходи.

Фото: Facebook