Шведската компанија IKEA купи земјиште во Љубљана на кое ќе го гради својот прв продажен објект во Словенија.
Објектот ќе биде завршен во 2018 година, а инвестицијата би можела да изнесува околу 90 милиони евра.
За околу 53.000 метри квадратни земјиште, Ikea издвои 16 милиони евра без ДДВ, пишува Дело.