Руските власти поднесоа тужба против локалната подружница на Ikea којашто наводно избегнала царини од 14 милиони долари, пренесува Bloomberg.
Федералната царинска служба на Москва минатата година подигнала тужба против најголемиот светски трговец со мебел, додавајќи дека Ikea дала помалку царини во период од 2017-та до 2020-та година и дала лажни проценки.
Инаку, Русија е еден од 10-те најголеми пазари за Ikea, а компанијата управува со 17 продавници во земјата.
Тужбата следи по сличните такви против шведскиот бренд за облека Hennes & Mauritz, што доведе до отворање криминалистичка истрага. Руските власти на шведскиот производител на козметика, Oriflame во 2014-та година му изрекоа казна поради даночно затајување.
Фото: Pexels