Ikea од периферија се сели во центар

79

Инвестициониот фонд Ingka Investments, во сопственост на шведскиот производител на мебел Ikea, преговара за купување на комерцијални недвижнини во централното градско подрачје во неколку големи европски градови, пренесува Ројтерс.

Досегашната практика на Ikea беше да се лоцира во објекти што се надвор од градот, но сега ја менува стратегијата.

Првиот договор беше склучен во Париз.

Фото: Facebook