Шведскиот трговец со мебел Ikea почнува со работа во Србија на есен следната година. На почетокот ќе започне само со продажен салон, а подоцна ќе отвори и производни погони, јавува РТВ.
Ikea во Србија ќе инвестира 70 милиони евра. Првиот продажен објект ќе се наоѓа во Белград.
Се очекува оваа шведска компанија да ги вклучи и домашните произведувачи во процесот на производство, затоа што тоа е основниот концепт на работа на компанијата.