Ikea отвора центар за дистрибуција во Сплит

51

ikea-press

Фото: Ikea

Шведскиот производител на мебел Ikea до крајот на август оваа година ќе отвори центар за дистрибуција во Сплит, пишува Слободна Далмација.

Деловниот објект на Ikea е замислен како pick up point, односно место на коешто купувачите ќе може да ги преземат порачаните предмети, а да не плаќаат достава од Загреб. Но, локацијата на којашто ќе се наоѓа овој центар сè уште не е позната. Планирано е складиштето на Ikea да се протега на околу 1.500 метри квадратни, а дополнително ќе се уредат уште 1.000 метри квадратни за изложбен простор, каде што купувачите ќе може да разгледаат дел од мебелот.

“Во првата фаза е планиран центар за дистрибуција во којшто нашите купувачи од Сплитско – далматинската жупанија, но и други жупании во јужниот дел на Хрватска, ќе може да ги преземат порачаните производи од Ikea. Во втората фаза, постои можност за отворање и на изложбен центар, со ограничен број на производи“, изјави Игор Стефановиќ, менаџер за односи со јавност на Ikea Хрватска.

Pick up point центарот ќе ја намали цената на купување на производите во Ikea.