Шведскиот произведувач на мебел IKEA отвори онлајн продавница во Бугарија. Од 22 април, клиентите можат да купуваат од било кој дел од земјата, а пристап е овозможен и преку мобилни уреди, пишува софиски Капитал.
Во електронската продавница се нудат околу 7.000 артикли, што претставува 80% од стандардниот асортиман на IKEA.
IKEA влезе на бугарскиот пазар во 2011 година, преку договор за франшиза со House Market SA, која управува со пет продавницата на IKEA во Грција и една во Кипар.