Ikea почна да произведува заштитни маски

38

Шведскиот бренд за производство на мебел Ikea, објави дека почна да произведува заштитна опрема, како наметки и заштитни маски за лице за болниците кои се борат против ширењето на коронавирус, а планира и да го зголеми производството.

“Побарувачката за канцеларискиот мебел се одржува добро затоа што многу луѓе работат од дома“, рече Хенрик Елм, глобален менаџер за продажба.

Ikea се соочува со одложување на испораката поради ширењето на коронавирусот во Европа и САД и затворањето на границите меѓу државите.

“Сепак компанијата беше подготвена и успеа да ги намали последиците од воведувањето на ограничувањата, доставувајќи производи во магацини на различни места“, истакна Елм.

Фото: Pixabay