Ikea прокнижи 39,6 милијарди евра приходи од продажба

74

Шведскиот бренд Ikea, фискалната 2019/2020 година, ја заокружи со приходи од 39,6 милијарди евра.

Иако првично беше забележан пад од 4%, поради пандемијата, сепак за кратко време побарувачката се стабилизираше.

Износот од 39,6 милијарди евра ги опфаќа сите приходи од продажба и од 445-те продавници на Ikea, но и продажбата преку интернет. Кај електронската трговија има пораст од 45%, со удел во вкупниот промет од 21% и се задржа на високо ниво дури и откако повторно беа отворени физичките продавници.

Иако на продавниците на неколку недели им беше ставен клуч на врата, сепак приходите на Ikea не забележаа драматичен пад, бидејќи пандемијата ги поттикна луѓето повеќе да ги реновираат и уредуваат домовите, со што им беа потребни различни производи од шведскиот бренд.

Ikea го напушта моделот на големи продавници надвор од градските средини и се фокусира на интернет продажба и помали продавници во централното градско подрачје, прилагодувајќи се навиките на потрошувачите.

Фото: Pixabay