Ikea сели голем дел од производството во Турција

62

Шведскиот синџир за мебел Ikea планира поголемиот дел од своето производство да го насочи кон Турција за да ги минимизира проблемите во глобалните синџири на снабдување и да ги намали трошоците за превоз, изјави главниот финансиски директор на турската филијала.

Ikea планира да произведува фотелји, полици за книги, ормари и кујнски елементи во Турција, а потоа да ги извезува.

“Поради проблемите со снабдувањето со кои се соочивме за време на пандемијата на ковид, се обидуваме да произведеме повеќе во Турција“, изјави за Ројтерс главниот финансиски директор Керим Нисел.

“Сите сфативме во пандемија дека диверзификацијата е многу важна. Можеби не е добра стратегија да се произведуваат предмети во една земја, а потоа да се обидат да ги транспортираат низ целиот свет“, рече Нисел. 

Ikea со најавениот потег оди по примерот на другите големи европски брендови како Бенетон, кој одлучи да го приближи производството до родната Италија, зголемувајќи го капацитетот во Србија, Хрватска, Турција, Тунис и Египет, додека оние во Азија ќе бидат преполовени, потсетува Ројтерс.