IKEA веќе во април ќе може да гради во Белград

19

ikea

Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михалјовиќ, најави дека шведската компанија IKEA градежна дозвола за изградба на два објекта во Белград ќе добие во април, јавува Танјуг.

IKEA веќе четири години се обидува да добие дозвола за градење на два објекта во Белград и два во Србија, но безуспешно.

“IKEA не успеваше да најде заеднички јазик со локалната самоуправа, ниту да ја собере потребната документација затоа што постојано се бараше нешто ново”, изјави Михајловиќ.

Според министерката, она на што инвеститорите најмногу се жалат не се роковите, туку недоследноста, затоа што секој бара некое ново барање или документ и додаде дека со примена на Законот за планирање и градење ќе се намали нивото на корупција во оваа област.