Ikea вградува безжични полначи во мебелот

52

ikea wireless

Шведскиот производител на мебел, Ikea, го следи трендот на технолошки напредок и го инкорпорира во својот мебел. Најновата колекција ја сублимира технологијата за безжично полнење на мобилни телефони и таблети со функционален мебел како што се ноќни и работни масички.

ikea wireless 1

Овие парчиња мебел ќе им бидат достапни на потрошувачите во Северна Америка и Европа од оваа пролет, пишува порталот Verge. Ikea соработува со компанијата Wireless Power Consortium, за да може да ја вгради безжичната технологија во мебелот.

ikea wireless 2

Ова е дел од долгорочниот проект Home Smart на Ikea за развој на иновативни решенија што придонесуваат за подобар живот во домот.

ikea wireless 5