Ikea во Франција под истрага за шпионажа

92

Францускиот огранок на Ikea и неколку нејзини поранешни раководители се појавиле пред суд поради обвинение дека илегално шпионирале вработени и купувачи.

Синдикатот на вработени уште во 2012 година обвинија дека преку измама се собирани лични податоци, како и незаконско откривање на лични податоци.

Ikea во Франција, според тврдењата на синдикатот, платила за пристапот до полициските досиеја кои имале информации за одредени поединци.

Од компанијата негирале дека шпионирале некого, но шведскиот производител на мебел отпушти четворица шефови во Франција, откако тамошните органи отвориле истрага од 2012 година.

Од францускио огранок на Ikea наведуваат дека соработуваат со правосудните власти и дека таквите активности “сериозно ја нарушуваат вредноста и етичките стандарди на компанијата“.

Во Франција Ikea вработува повеќе од 10.000 лица кои работат во 34 продавници, на интернет страници за електронска продажба и во центарот за пружање техничка поддршка на клиентите.

Фото: Pixabay