Или ќе дадеме претприемачите да го водат последниот збор или нема да имаме економија

96

Идејата на поранешниот премиер Хари Костов партиите да потпишат рамковен договор за економски реформи, предизвика различни коментари кај стопанствениците.

Бизнисменот Зоран Витанов кој е познат во јавноста по острите критики на сметка на економската состојба во државата, во разговор за Локално отворено искажува сомнеж во нејзината применливост, а како единствена причина го посочува инволвирањето на политичарите.

За економската состојба во државата, вели тој, можат да решаваат исклучиво прептриемачите и никој друг.

Сè  додека политичарите одлучуваат за економската состојба и сè дури претприемништвото и стопанство постојат заради политичарите, Македонија не само што ќе тоне туку нема да има економија. Сè дури не се дигнат стопанските комори, претприемачите и здруженијата на менаџери, едноставно нема да имаме вистински економски реформи. Америка како најсилна економска сила на сите времиња во историјата на човечштвото, во 19 век ја кренаа претприемачите. Сега Америка ја водат политичари, и американската економија почна да тоне. Многу е едноставно или ќе дадеме претприемачите да го водат последниот збор или нема да имаме економија, бидејќи политичарите ги интересира припадноста, а претприемачите ги интересира компетентноста, вели за Локално, Витанов.

Фото: Pixabay