Ili, уред што преведува без интернет конекција

23

ili

Јапонската компанија Logbar креира уред  што преведува реченици во реално време. Уредот наречен Ili засега преведува на англиски, јапонски и кинески, но во план е наскоро да се додадат уште јазици, пишува Metro.

Овој уред го олеснува престојот на туристите во странство, преведува 50.000 зборови и фрази без интернет конекција. Ili е едноставен за користење, потребно е само да се притисне копчето и да се изговори реченица, а уредот сам преведува.

Ili беше претставен во Јапонија минатата година, во  САД ќе биде достапен од јуни годинава.