Илирика успешно го спроведе преземањето на Gorenje од Hisense

26

Кинескиот холдинг Hisense, официјално, стана сопственик на словенечката компанија за бела техника Gorenje. Сега компанијата поседува 95,42% во сопственичката структура на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника од Велење. Во преземањето учестуваа инвестициски советници од Илирика.

Понудата за откуп е прифатена од 5.165 акционери, пришто компанијата Hisense плати вкупно 183 милиони евра за докупување на останатите 62,46% од акциите. Со ова, е проценета на нешто помалку од 300 милиони евра. Пред преземањето, Hisense поседуваше 32,96% од акциите во Gorenje.

Од Hisense велат дека нема да има промени во брендот Gorenje, туку фабриката во Велење ќе биде нов центар за истражување и развој на кинескиот холдинг. Со ова, тие ќе ја зголемат ефикасноста во производството преку интеграција на производствените капацитети.

Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика, задолжена за преземањето, очекува одобрувањето да се добијат наесен. Превземањето треба да биде одобрено од регулаторите на пазарите каде што работат двете компании, како и од Европската комисија.