Најновиот регрут во SpaceX е софтверскиот инженер Кајран Квази, кој има само 14 години.
Тој на LinkedIn во четвртокот објави: „Ќе се приклучам на најкул компанија на планетата, како софтверски инженер во инженерскиот тим Starlink. Една од ретките компании што не ја искористи мојата возраст како произволна и застарена парадигма за зрелост и способност“.
Инаку, оваа работа од „соништата“ на младиот гениј дојде веднаш по дипломирањето на инженерското училиште на Универзитетот Санта Клара, па Квази сега планира да се пресели од Калифорнија во Вашингтон, пишува Business Insider.
Откако многу рано била откриена неговата неверојатна интелигенција, но и фактот дека училиштето не му било „доволно предизвик“ веќе во трето одделение (на 9-годишна возраст), родителите му помогнале да се запише на факултет во Калифорнија.
На 11-годишна возраст, Квази се префрлил на Универзитетот Санта Клара за да студира компјутерски науки и инженерство, а уште пред тоа стекнал искуство преку стажирање како соработник за истражување на вештачката интелигенција во Intel Labs.
Фото: Printscreen