Илон Маск лансира нова компанија

41

Илон Маск денеска го лансира долго најавуваниот стартап за вештачка интелигенција xAI, откривајќи тим од инженери со кои сака да создаде алтернатива за „Чет-ГПТ“.
Стартапот ќе биде предводен од Маск, кој е извршен директор на „Тесла“ и сопственик на „Твитер“ и кој неколку пати изјави дека развојот на вештачката интелигенција треба да се паузира и регулира.

„Го објавувам основањето на xAI за да можеме да ја разбереме реалноста“, напиша Маск на Твитер.
Во стартап-тимот се Игор Бабушкин, поранешен инженер на Дип мајнд, Тони Ву, кој работел за Гугл, Кристијан Сегеди, истражувач на Гугл и Грег Јанг, кој работел за Мајкрософт.

Милијардерот во април изјави дека ќе основа TruthGPT, односно вештачка интелигенција што ќе се залага за вистината што е можно повеќе за да не се натпреварува со Бард на Гугл и Бинг на Мајкрософт.

Новата компанија на Маск е одвоена од X Corp, но тесно ќе соработува со Твитер, Тесла и други компании.
Маск додаде дека на 14 јули ќе има простор на Твитер, за време на кој слушателите ќе се сретнат со членовите на тимот и ќе поставуваат прашања. Членовите вклучуваат експерти кои работеле во Google, Microsoft и OpenAI, меѓу другите.