Илон Маск најави производство на камиони на електричен погон

23

mask

Фото: Twitter

Основачот на Tesla, Илон Маск, најави дека компанијата наскоро ќе почне со производство на камиони на електричен погон, пишува New Atlas.

“Влекачот на Tesla ќе биде претставен во септември. Мојот тим заврши одлична работа. Сериозно преминуваме на следното ниво“, напиша Маск на неговиот Twitter профил.

Маск, исто така, најави дека за 18 до 24 месеци ќе биде претставен и пикап камион, којшто е комбинација од товарно и патничко возило.