Илон Маск ослободен од обвиненијата за измама

92

Сопственикот на Tesla, Илон Маск, е ослободен од обвиненијата за измама.

Станува збор за измама поврзана со твит од 2018 година, во кој тој тврди дека наменил средства за преземање на Tesla, иако договорот никогаш не бил блиску до реализација, пишува Би-Би-Си.

Твитот резултираше со порамнување од 40 милиони долари со регулаторите за хартии од вредност.

Тоа, исто така, доведе до колективна тужба во која се тврди дека ги довел во заблуда акционерите.

Во првиот од тие два твита, Маск рече дека е „обезбедено“ финансирање за откупот на Тесла во вредност од 72 милијарди долари во време кога производителот на електрични автомобили сè уште се соочуваше со проблеми со производството и вредеше многу помалку отколку што е сега.

Маск објави уште еден твит неколку часа подоцна, сугерирајќи дека договор е неизбежен.

Откако стана очигледно дека нема да обезбеди пари за преземање на Тесла, Маск се повлече од функцијата претседател на компанијата и ја презеде функцијата извршен директор како дел од спогодбата со Комисијата за хартии од вредност.