Илон Маск планира да го финализира купувањето на Твитер до петок

75

Американскиот милијардер Илон Маск ги информирал коинвеститорите, кои ветиле дека ќе му помогнат да го финансира купувањето на Твитер по цена од 44 милијарди долари, дека планира да го финализира купувањето на компанијата до петок, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор.

Маск вели дека инвеститорите ја добиле потребната документација од неговите адвокати за да го финансираат купувањето на Твитер.

Ваквиот потег на американскиот милијардер покажува дека тој планира да постапи во согласност со одлуката на судот во Делавер.