Илон Маск претстави прототип на тунел што би бил решение за урбаниот хаос

17

Фото: Twitter

Илон Маск пред две години ја отвори фирмата The Boring Company што има задача да изгради тунел што би требало да биде решение за урбаниот сообраќаен хаос во Лос Анџелес.

Тој го претстави прототипот на подземниот тунел, што е дизајниран за брзо движење на автомобили, пишува BBC.

Идејата е во тунелот да има посебна патека на којашто би требало да се спуштаат автомобилите коишто би се движеле со брзина од 240 километри на час.