Илон Маск продава и парфеми

87

На паузите од правната битка околу купувањето на Твитер, Илон Маск почна да продава парфеми, поради што на таа социјална мрежа го смени името во „продавач на парфеми“.

На овој начин тој на шега го најави влегувањето во нов бизнис покрај производството на електрични автомобили и испраќањето авиони и сателити во вселената. Овој краток налет во козметичките води беше доста успешен – неколку часа по објавувањето на Твитер, тој продаде 10.000 шишиња парфем по вредност од 100 долари.

Имено, се работи за машки парфем наречен „Burnt Hair“ кој според Маск е најубавиот мирис на нашата планета и може да се купи и со криптовалути.