Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, од почетокот на ноември продаде акции што ги поседува во компанијата за речиси 13 милијарди долари.
Најбогатиот човек на планетата во понеделникот продал уште 934.091 акција за 906 милиони долари, пренесува Ројтерс.
Акциите на Tesla паднаа за 5,0 отсто во понеделникот на 966,41 долари.











