Илон Маск сака да собере 1 милијарда долари капитал за неговиот ВИ стартап

Стартапот за развој на вештачка интелигенција X AI(xAI) на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, сака да собере 1 милијарда долари капитал и досега има собрано 135 милиони долари, се вели во поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност.

Како што пренесува Гардијан, Маск сака да остане во чекор со ривалите во областа на развој на вештачка интелигенција, вклучувајќи ги калифорниската компанија Open AI, Microsoft и Google.

Маск беше ко-основач на Open AI во 2015 година, но ја напушти компанијата по три години.