Илустрација на три бајки од Македонија – нов проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ  

42

Logo so potpis

Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ продолжува со својата мисија за поддршка на креативноста кај младите во функција на брендирање и креативна визуелизација на автентичните национални вредности.

Бајки од Македонија е новиот проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, на чија реализација ќе работи во текот на следната година. Проектот Бајки од Македонија има за цел да го приближи македонското народно творештво до најмладите, пред сѐ децата од предшколска возраст.

Имајќи го предвид јавниот интерес за реафирмирање на традицоналните вредности, младите креативци ќе работат на визуелизација на три бајки од македонското културно наследство, во насока на зачувување и негување на националните вредности.

„Давајќи им модерен изглед на бајките од македонското народно творештво, идејата е да се приближат до најмалите и притоа да создаде бренд кој ќе биде препознатлив за оваа и сите следни генерации. Притоа, се создава можност за младите креативци да го изразат својот креативен потецијал во процесот на содавањето на  новиот бренд Бајки од Македонија“, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Од денеска, па до осми јуни годинава, Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ распишува конкурс за избор на издавачка куќа која ќе се вклучи во реализација на проектот. Конкурсот ќе биде објавен на веб страницата bravosine.mk . Избраната издавачка куќа ќе учествува во избор на бајките и нивна адаптација. Креативните решенија што ќе бидат користени за нивно илустрирање ќе ги работат млади дизајнери, а тие исто така ќе се избираат на јавен конкурс. Јавниот конкурс за младите кративци ќе се распише по изборот на Издавачката куќа која ќе биде партнер во проектот Бајки од Македонија. Најдоброто креативно решение повторно ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари.

Бајки од Македонија е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект на Движењето за поддршка на креативноста кај младите и спој со македонските компании – проектот Слатко со идентитет. Младите креативци работеа на изработка на нова етикети и амбалажа за седумте видови на слатко произведени по традиционална рецептура на компанијата Јоми Фуд од Велес, која исто така беше избрана на конкурс. Победничкото решените Фрутело на Далибор Смилески и Мартин Стојмировски ја доби првата награда од 200.000 денари.  Слатката на Јому фод со новата етикета и амбалажа веќе може да се најдат во малопродажба во земјава, но и во странство.

Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ во насока на исполнување на овие цели.