Роб Флауерс, илустратор од Лондон, создаде серија од постери што можат да се јадат, пишува Dezeen. Постерите беа дел од изложба чија намена беше да се охрабрат децата да експериментираат со храната. Проектот започна минатиот месец со работилница, на иницијатива на студиото за дизајнирање на храна Bompas & Parr, каде 100 деца ја креираа нивната храна од фантазијата.
Беа одбрани шест победници на кои студиото им ја направи нивната фантазија реалност. Изработените постери што се јадат беа дел од еднодневна изложба во V&A Museum of Childhood, (Mузеј на детството) во Лондон на 14-ти октомври. Шесте постерите беа изработени од Флауерс, заедно со билетите за настанот. За нивното креирање тој користеше хартија што се јаде и ароматизирано мастило, а секоја илустрација имаше свој персонализиран слоган.
За нанесување на бојата на хратијата со вкус на манго, беа користени воздушни компресори. Истата беше премачкана со бела чоколада што потоа децата со задоволство ја изедоа. Целта на проектот беше да се поттикнат дечињата да внесуваат што повеќе здрави намирници, како овошје и зеленчук, на еден забавен и несекојдневен начин.
Фото: Rob Flowers