Им истекува рокот – 10 милиони литри пиво ќе мора да се уништат

421

Здружението на француски производители на пиво предупредува дека ќе мора да уништи 10 милиони литри пиво поради затворените кафулиња, ресторани и пабови за време на пандемијата на коронавирусот.

Здружението посочува на фактот дека туризмот е стопиран и дека се откажани сите фестивали. Милиони литри пиво мора да бидат уништени бидејќи им истекува рокот на траење.

Околу 70% од француските пиварници претходно пријавиле најмалку двојно намалување на продажбата на овој пијалак од средината на март. Пиварите низ Европа и во светот имаат идентични проблеми за време на пандемијата.

Фото:Pixabay