Им почнува сезона на распродажба, многумина за шопинг ќе земат слободен ден

165

Во Италија сезоната на распродажба започнува во јули, а точниот датум варира од регион до регион.

Сезонската распродажба е “сериозна“ работа за голем број Италијанци. Многу луѓе планираат и земаат слободен ден, за на почетокот на снижувањата да можат да изберат што им одговара по најдобра цена.

Здружението на потрошувачи Kodakons предвидува дека оваа година, секое италијанско семејство ќе потроши во просек 171 евра на шопинг во текот на месецот на распродажба, и дека на самиот почеток, попустите ќе бидат големи, за 15 до 20 % повисоки од претходните година.

“После грозната година, се надеваме дека Италијанците, во голем број, ќе се вратат во омилениот спорт, шопинг. Луѓето имаат голема волја за слобода, забава, да се вратат во нова нормалност, а шопингот е дел од тоа. Се надеваме дека ќе се вратат и да купуваат во продавници, и да го намалат купувањето преку Интернет“, рече претседателот на федерацијата Италијанска мода, Ренато Борги.

Фото: Pixabay