Им снемува храна – килограм банани чини 45 долари

101

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и официјално признал дека неговата земја се соочува со сериозен недостиг од храна.

“Ситуацијата станува многу напната“, рекол Ким на состанокот одржан во централниот одбор на Работничката партија во Пјонгјанг, пренесува ВВС.

Ким Јонг Ун, исто така, рекол дека севернокорејскиот земјоделски сектор “не успеа да ги исполни своите цели“ во државата, бидејќи владее недостиг на жито, поради временски неприлики.

Според некои информации, цените на храната енормно пораснале во Северна Кореја, па така, килограм банани во земјата чини 45 долари.

За потсетување, Северна Кореја ги затворила своите граници за да запре ширење на пандемијата. Поради тоа, трговијата со Кина има драстичен пад, а Северна Кореја за храна, ѓубриво и гориво се потпира токму на Кина. Освен тоа, земјата се соочува и со бројни меѓународни санкции, коишто им се наметнати поради нивната нуклеарна програма.

Вкупниот број на Севернокорејци кои починале од глад во 90-тите години од минатиот век уште не е познат, но се проценува дека починале дури три милиони лица.

Фото: Pexels