Има 90 години и 85 милијарди долари во џеб – кои се книгите што му го смениле животот

385

Американскиот бизнисмен и сопственик на компанијата Berkshire Hathaway, Ворен Бафет, според последните податоци од декември 2020 година, има нето вредност од точно 85,6 милијарди долари.

Инвестициите никогаш не запираат, дури и кога има кризни години, прашање е само кои средства како котираат во даден момент.

Грешки прават дури и најдобрите, па се покажа дека биткоинот, кој Ворен Бафет го “отпиша“ од самиот почеток, доживеа неверојатен раст во 2020 година. Во моментот вреди дури 25.000 американски долари.

Ако му верувате на овој “стар лисец“, кој не престанува да работи дури и во 90-те и кој се покаја неколку пати за своите инвестиции, постојат одредени книги за инвестирање што му го сменија животот.

Менторот на Бафет, Бенџамин Греам, американски економист кој почина во 1976 година, напиша две од омилените книги на неговиот студент. Security Analysis од 1934 година и The Intelligent Investor од 1949 година.

Бидејќи Бафет се смета за најдобар инвеститор на денешницата, ако сакате да тргнете по патот на деловен успех, дефинитивно не треба да ги прескокнувате неговите  препораки. Овој Американец, патем, е познат по тоа што сака да чита, не само книги, туку и весници, студии, извештаи на компании.

Другите две книги што Ворен Бафет ги цени се напишани од Џорџ Гудман (познат во пишувањето како Адам Смит), а тоа се The Money Game (објавена во 1968 година) и Supermoney од 1972 година.

Фото: Pixabay