Има компанија од 226 милијарди долари, а најдобар совет добил од брачен советник

631

Пред Рид Хастингс да го основа Netflix во 1998 година, тој совлада непроценлива лекција што му помогна денес да изгради компанија вредна околу 226 милијарди долари. Тој верува дека искреноста е најдобра политика, дури и кога е непријатна. Оваа лекција Хастингс ја научил од многу необичен извор – неговиот брачен советник.

“Порано имавме одличен брачен советник. Ме натера да видам дека многу лажам. Говорев вообичаени работи, како семејството е најважно и често се случуваше да останам до доцна на работа. Советникот ми помогна затоа што докажа дека воопшто не сум искрен “, рече Хастингс, кој е во брак од 1991 година.

Како што наведува, научил од него дека колку и да е тешко, за да се добие довербата кај другите, од витално значење е да се признаат грешките. Лекциите што ги доби од брачниот советник и во врска со брачните проблеми го научија овој успешен претприемач дека целосната посветеност на вистината е единствениот начин да се изгради компанија.

Затоа, го применил она што го научил од брачниот советник на работа. Тој ја засноваше работата на Netflix врз вистината.

“Сега, секогаш кога ќе почувствувам дека не сум во право, зборувам за тоа јавно и често. Ова ги охрабрува вработените да мислат дека правењето грешки е нормално, што ќе ги оспособи вработените да ризикуваат кога успехот е неизвесен, што ќе доведе до поголема иновација во компанијата“, објасни тој.

Фото: Facebook