Има ли зголемување на цените на угостителските услуги?

113
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во споредба со мај 2023 година, е зголемен за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 1.0 % и Безалкохолни пијалаци за 0.5 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12.2 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13.3 %, a во однос на декември 2022 година е зголемен за 2.8 %.