Има потенцијал за меѓугранична е-трговија особено со земјите од Западен Балкан

Промените во навиките на купувачите кои под влијание на пандемијата се насочија кон online купувањето се одлучувачки фактор за порастот од дури една третина  на просечниот месечен број на виртуелни ПОС терминали во однос на првиот квартал од претходната година, открива за Локално, Филомена Пљаковска – Аспровска, директорка на Интернационалниот Картичен Систем АД Скопје, КаСис.

Покрај фактот дека скоро сите чинители се адаптираа за време на кризата, Пљаковска- Аспровска како значајна придобивка ја посочува и  големената доверба во е-трговијата.

“Кога станува збор за зголемената транзиција од традиционално кон дигитално купување, грижата и вниманието кое се посветува на купувачите е од огромно значење. КаСис и банките со кои работиме во светот на е-трговијата континуирано прават напори за модернизирање и поедноставување на е-трговијата. На е-трговците им овозможуваме трансакцијата да биде направена во неколку едноставни чекори а притоа да бидат запазени сите безбедносни протоколи. Во последнава година може да се констатираат неколку факти:

  • Е-трговија бележи континуиран раст во нашата држава;
  • Има потенцијал за меѓугранична е-трговија особено со земјите од Западен Балкан;
  • Скоро сите чинители се адаптираа во времето на кризата.

Од друга страна за да населението ја прифати дигиталната трансормација на финансиите, потребно е да има финансиска и дигитална писменост. Генерално, треба постојано да работиме на едукација и на населението, да настојуваме да го зголемуваме квалитетот на образование кон новото време и да ги задржиме младите во економијата, бидејќи тие се нашиoт иден потенцијал за економски раст“, вели Пљаковска-Аспровска.

Фото: Pixabay