Имаат евтината електрична енергија, па рударењето криптовалути им е профитабилно

152

Во високо конкурентниот свет на крипто – рударството, економски разорената Венецуела има една предност – многу евтина електрична енергија.

Со ниски цени на енергијата од 0,06 центи за киловат / час, рударењето криптовалути се покажа како многу профитабилно за еден претприемач од Каракас, во земја преполна со економска неизвесност и некои од највисоките стапки на хиперинфлација во светот.

Рударската компанија Doctor Miner има банка од 80 компјутери со големина на кутии за чевли, секој од нив чини околу 340 евра, и рудари биткоин 24 часа на ден, генерирајќи профит од 8.500 евра месечно.

Претседателот на компанијата, Теодоро Тукумидис, рече дека компанијата започна со рударење на етериум од домовите на персоналот во 2016 година, пред да воспостави мрежа на компјутери кои сега се концентрираат на биткоин.

“Во Венецуела, секој компјутер од средната или следната генерација е исплатлив“, рече тој за АФП.

“Продадов автомобил за да купам компјутер и морав да пешачам насекаде за да го купам мојот прв компјутер за рударење криптовалути. И мојот партнер го замени мотоциклот што го имаше со компјутер и ние двајца станавме пешаци, обложувајќи сè, на оваа технологија “, додаде тој.

Иако Венецуела страда од редовни прекини на електричната енергија и ниска брзина на интернет, тие не се доволни за да ја нарушат растечката индустрија за крипто -рударство.