
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека во согласност со Глава 6 од Правилата за котација и согласно Одлуката на Надзорниот одбор бр. 84/2025 од 31 јули 2025 година, како и добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија со Решение бр. 15-29578/7 од 31 октомври 2025 година, Владимир Тренески е именуван за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.
Именувањето е со мандат од една година, започнувајќи од денот на стапување во функција.













