Луксузната вила на Џани Версаче во Мајами, каде што познатиот моден креатор беше убиен пред 16 години, од вчера е ставена на продажба и се очекува да достигне цена од 40 милиони долари. Почетната цена е 25 милиони долари.
Вилата позната како Casa Casuarina брои 10 спални соби, 11 бањи со позлатени елементи, мозаични подови и цртежи на ѕидовите специјално изработени по негова нарачка.
Двете тераси на покривот нудат прекрасен поглед на плажа, а опсерваторијата има се што е потребно за набљудување на вечерното ѕвездено небо, удобни перничиња, фотељи и бар.
Во мастер спалната соба на Версаче се наоѓа голем кревет, пространа бања, посебна соба со дизајнирана облека и тереса со поглед на море.
Трагично загинатиот моден креатор го купи овој имот за 2,9 милиони долари во 1992 година заедно со хотелот Revere, веднаш до вилата, за чие реновирање потроши 33 милиони долари.