Имотот на Мајкл Џексон, Neverland, се продава за 100 милиони долари

16

AR-150529268Легендарниот имот Neverland, кој беше во сопственост на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, е ставен на продажба.

Имотот со локација во Санта Барбара, Калифорнија е истовремено и тематски парк со диви животни, забавни железници и раскошни градини. Ранчот, чија цена е 100 милиони долари, вклучува 22 градби, пишува Wall Street Journal.

Животните од имотот се отстранети освен една лама, направена е мала реконструкција на истиот и сега носи ново име – Sycamore Valley Ranch.

Некогашниот Neverland беше реновиран од страна на една инвестициска фирма, а неколку агенти моментално се во потрага по купувач.

Главната куќа на имотот располага со шест спални соби, домашно кино и сцена за различни претстави и шоуа.

Мајкл Џексон го купи имотот во 1987 година за 19,5 милиони долари и живееше таму повеќе од 15 години.

nverland

BN-IP941_0529NE_J_20150527140911 BN-IP940_0529NE_J_20150527140911BN-IP781_0528NE_J_20150527103735Neverland-Ranch-600x400Neverland-Ranch-inside-600x400BN-IP777_0528NE_J_20150527103727

Neverland-600x400