Имотот на милијардерот Хауард Хјуз се продава за 19,5 милиони долари

386

glavna

Имотот на милијардерот Хауард Хјуз на езерото Тахо е на продажба за 19,5 милиони долари. Домот е именуван Summertide и првично бил изграден во 1920 година за адвокатот од Њујорк, Таскаер Одиј, кој стана 12-ти гувернер на Невада. Потоа имотот е продаден на англиски Лорд, најверојатно потомок на Војводата од Велингтон, кои го продале на Хјуз во 1934 година. Во тоа време Хјуз бил еден од најбогатите и најпознатите луѓе во светот и како пилот и како режисер.

Имотот се простира на повеќе од 20.000 метри квадратни, а внатре во куќата има 2.518 метри квадратни простор за живеење, вклучувајќи четири спални соби и пет бањи. Имотот исто така вклучува гостинска куќа, гаража со простор за четири автомобили и канцеларија.

Сегашниот сопственик го купил имотот во 1995 година и голем дел од куќата е преуредена за да одговара на модерниот живот. Реновирани се само бањите, а во кујната се поставени машина за миење садови и фрижидер. Освен тоа, се е прилично автентично и оригинално, пишува Daily Mail.

Хјуз почина на возраст од 70 во 1976 година. Леонардо ди Каприо го игра во биографскиот филм Авијатичарот.

Howard Hughes at Controls of His Flying Boat

leo

Погледнете како изгледа имотот на Хауард Хјуз.

2a

3a

4a

5a

1a