In Galera (во затвор) е првиот ресторан за гости отворен во затвор во Италија.
Овој ресторан, којшто е отворен за сите граѓани, е сместен во рамки на затворот Bollate во Милано.
Надлежните постојано се обидуваат да ги подобрат условите за живот на лицата кои отслужуваа затворска казна.
Во In Galera се вработени затвореници, а целокупниот изглед на ресторанот потсетува на едноставниот ентериер во затворите.
На прозорците може да се забележат решетки, бидејќи безбедноста на затворот секогаш е на прво место.