Ина ги распродава работничките одморалишта на Јадранот

21

ina

На низата хрватски фирми кои се обидуваат да ги продадат своите недвижнини, меѓу кои се Хрватска пошта и Хрватски железници, им се придружи и нафтената компанија Ина. Ина, односно нејзината фирма Хостин, огласи продажба на неколку туристички недвижнини, од кои некои веќе претходно безуспешно се обидуваше да ги продаде, пишува Банка.хр.

Ина продава објекти на шест локации, со вкупен сместувачки капацитет од 297 кревети. На продажба се главно некогашни работнички одморалишта.

Рокот за достава на понуди е 3 јуни.