InBev и официјално го презема SAB Miller за околу 108 милијарди долари

28

ab-sab2

Светскиот производител на пиво Anheuser – Busch InBev го формализираше договорот за преземање на неговиот конкурент SAB Miller за околу 108 милијарди долари, пишува Wall Street Journal.

Со ова се става крај на двомесечните преговори помеѓу двата најголеми светски производители на пиво, но според многу аналитичари најтешката работа допрва доаѓа.

За да се затвори договорот, AB InBev ќе мора да добие одобрение од регулаторни тела во повеќе земји, вклучувајќи ги САД, Европската Унија, Кина, Јужна Африка, Колумбија, Австралија и Индија.

Доколку аквизицијата пропадне, AB InBev ќе мора да му плати три милијарди долари на SAB Miller.