Индекси на бројот на работниците во индустријата за јуни

2

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 107.3.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст од 2,1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 %, Капитални производи за 22,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 %, опаѓање бележи кај Енергија за 0,7 % и кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 107.5.

Фото:Pexels