Фото: Pixabay
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2.0 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 5.0 %.
Во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 102.2.
Во делот аутпут, во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.0.