Индекси на индустриското производство за јуни

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 112.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи опаѓање од 4,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 14,1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16,3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во
следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 12,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 %, Капитални производи за 34,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 20,1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 105.0.