Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0,7 %, а за 1,2 % на годишно ниво.
Во март 2019, во споредба со февруари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 %, а се пониски во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.
Во март 2019, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,2 %.