Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, Април 2023

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2023, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.2 % на месечно и за 6.8 % на годишно ниво.

Во април 2023, во споредба со март 2023, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка 2.9 %.

Во април 2023, во споредба со април 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 10.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка 11.3 %.