Индекси на трошоците на животот според COICOP

22

Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2013, во однос на октомври 2013, изнесува 99,9, а во однос на ноември 2012 изнесува 101,1, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2013, во однос на октомври 2013, намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 1,1%, Рекреација и култура за 0,4%, Храна и безалкохолни пијалаци и Ресторани и хотели за 0,3% и Здравје за 0,1%.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите Останати стоки и услуги за 0,7%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,6%, Облека и обувки и Образование за 0,2%, Алкохолни пијалаци, тутун и Комуникации за 0,1%.

На ниво од претходниот месец остана индексот во групата Домување, вода, електрика, гас и др. горива.